Дома Трансфер зона Изгледа нема да има ништо од засилувањето на Милан од Барселона

Изгледа нема да има ништо од засилувањето на Милан од Барселона

Каталонците не се согласуваат на понудата на „росонерите“.

Играчот за врска од шампионот на Шпанија, Денис Суарез бил понуден на Милан, но „росонерите“ не се спремни да одговорат на барањата на каталонскиот клуб.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Барселона сака да го продаде Суарез, но и сака гаранција дека од тој трансфер ќе заработи 20-тина милиони евра.

Од друга страна екипата на „Сан Сиро“ има проблеми со ФФП и сака да го доведе Суарез на позајмица со право на откуп.

Засега нема договор и Барселона би можела да се сврти кон останатите заинтересирани клубови од Шпанија и Премиер лигата. Каталонците би се согласиле на позајмица, но само ако договорат откуп за 18-20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…