Дома Фудбал Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Шпанија

Извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Шпанија

Шпанската фудбалска асоцијација ги извлече двојките за полуфиналето во Купот на кралот.

Битка за вториот трофеј по важност во Шпанија ќе водат четири екипи, а помеѓу нив е и Мајорка која на хартија изгледа како аутсајдер, но секако не смее да се отпише.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во полуфиналето, Мајорка ќе игра против Реал Сосиедад, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао во дерби пресметката.

Медиумите во Шпанија најголеми шанси за освојување на Купот на Шпанија очекувано во отсуство на Реал и Барса кои беа елиминирани даваат на избраниците на Диего Симеоне.

Ќе потсетиме, минатата година купот го освои Реал Мадрид кој сезонава беше елиминиран од градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…