Дома Македонски спорт Избраниците на Милевски се собраа за натпреварите со Италија и Англија 🎥

Избраниците на Милевски се собраа за натпреварите со Италија и Англија 🎥

Македонските фудбалски репрезентативци денес се собраа и ги стартуваат подготовките за натпреварите со Италија и Англија.

Натпреварот против Италија го играме на гостински терен во Рим на 17. ноември, додека три дена подоцна во Скопје ќе гостува Англија. За гостувањето на Англичаните билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 400 и 600 денари (ТУКА).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес избраниците на Милевски ќе го одрабат и првиот заеднички тренинг пред овие две средби. Македонија во квалификациите веќе ги загуби шансите за место на Европското првенство во 2024, но секако дека самото тоа што играме против две големи европски селекции е мотив за фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…