Дома Фудбал Репрезентации Игуаин стави крај на репрезентативната кариера: Сега многу луѓе ќе бидат среќни!

Игуаин стави крај на репрезентативната кариера: Сега многу луѓе ќе бидат среќни!

Напаѓачот на Челзи, Гонзало Игуаин денес одлучи и официјано да стави крај на својата репрезентативна кариера.

Во интервју за медиумите, Игуаин призна дека неодамна добил повик од селекторот на националниот тим, Лионел Скалони, но напаѓачот повеќе не планира да игра за Аргентина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


32-годишниот напаѓач игра лоша сезона и често е мета на критики, па иронично искоментира дека неговото повлекување ќе направи среќни многумина.

„Разговарав со селекторот Лионел Скалони, му го кажав сопственото гледиште, ова е моја одлука и се надевам дека истата ќе ми донесе само добро, сакам да уживам во периодот со моето семејство, кое гледам дека страда кога сум често критикуван“, изјави Игуаин.

„ „Мојата ера со селекцијата е завршена, сега ќе го гледам тој тим надвор од терените, со што сум сигурен дека многу луѓе ќе ги направам среќни“, додаде Аргентинецот.

Игуаин во дресот на репрезентацијата одигра 75 натпревари на кои постигна 31 гол, но не упсеа да освои позначаен трофеј.

Моментално настапува во Челзи како позајмен фудбалер од Јувентус, и изрази желба да остане на „Стенфорд Бриџ“.

„Задоволен сум од својата кариера. Играв во трите најголеми првенства во Европа. Моментално сум во Челзи и сакам да останам овде“, заклучи Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …