Дома Фудбал Останато Игуаин: Меси во Англија? Таму добивате многу ќотек и ништо не се суди

Игуаин: Меси во Англија? Таму добивате многу ќотек и ништо не се суди

Eпскиот дебакл против Баерн од 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите силно ја здрма Барселона и од клубот веќе си заминаа спортскиот директор Ерик Абидал и тренерот Кике Сетиен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Следно што следи е поставување нов тренер и тоа многу веројатно ќе биде Куман, а потоа доаѓа реконструкцијата која ќе се спроведе се очекуваат многу промени. Постојат гласини дека дури и Меси би можел да ја промени средината.

Аргентинецот има договор со Барселона до следното лето, но тешката ситуација во која се најде клубот наметна такви најави.

Гонзало Игуаин смета дека доколку Меси би заминувал за него не би било добро да оди во Англија.

„Англија е навистина тешка и комплицирана. Таму стоперите се градени како плакари и се игра грубо, добивате многу ќотек, а судиите ништо не судат. Јас во шест месеци не можев да се прилагодам и таа лига нема врска со шпанската. Ле игра фудбал на високо ниво, но во Англија сигурно не би му било лесно“, изјави Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…