Американецот Тејлор Фриц беше поразен во првото коло на АТП турнирот во Токи од Французинот Артур Филс со 2:1, по сетови 6:4, 3:6, 6:3.
Во второто коло Филс ќе игра против Италијанецот Матео Беретини.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фриц беше прв носител на турнирот во Токио. Американскиот тенисер го освои турнирот во главниот град на Јапонија во 2022 година, а минатата година беше елиминиран во второто коло. Она што уште повеќе изненадува е што Фриц неодамна играше во финалето на УС Опен.
Холгер Руне во првото коло го совлада Чилеанецот Алехандро Табиљ со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:4. Во второто коло ќе игра против Јапонецот Јошихито Нишиока.
Во вториот круг се пласираа и Британецот Џек Дрејпер, Американците Томи Пол, Бен Шелтон, Алекс Микелсен и Брендон Накашима, Чехот Томаш Махач и Австралиецот Кристофер О’Конел.