Дома Фудбал Останато Играше за Арсенал, Челзи и ПСЖ, а сега соопшти дека има сериозен здравствен проблем

Играше за Арсенал, Челзи и ПСЖ, а сега соопшти дека има сериозен здравствен проблем

Поранешниот дефанзивецот на Челзи и Арсенал, Давид Луиз во овој момент настапува во дресот на бразилскиот Фламенго.

Овој 35-годишник се одлучи пред една година да се врати во Бразил и да потпише за Фламенго откако му истече договорот со Арсенал и не доби понуда од лондонскиот клуб за продолжување на соработката.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Луиз најмногу го паметиме по настапите во Челз ии ПСЖ каде што играше со голем успех. Со „сините“ во 2012 година ја освои Лигата на шампионите, а подоцна за 50 милиони евра премина во ПСЖ.

Во дресот на Фламенго е веќе една година, а сега се најде во центарот на вниманието поради за жал не така убави вести. Имено, Луиз вчера во полуфиналето од Купот на Бразил против Сао Паоло побара измена на полувреме затоа што не се чувствуваше добро.

Подоцна се потврди дека Луиз има здравствен проблем проади кој некое време не се чувствува добро. Со изјава за медиумите и самиот Луиз ги потврди лошите вести.

„Имам сериозен здравствен проблем. Морам да направам детални прегледи и кога ќе бидам сигурен ќе ве известам“, изјави Луиз после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…