Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Јас тренер? Невозможно е, би удирал најмалку двајца играчи секој натпревар

Ибрахимовиќ: Јас тренер? Невозможно е, би удирал најмалку двајца играчи секој натпревар

Искусниот Златан Ибрахимовиќ има договор со Милан до крајот на сезоната и не е познато дали и после тоа ќе остане на „Сан Сиро“.

Швеѓанецот минатото лето одлучи да потпише нов едногодишен договор, но свесен е дека неговата кариера се ближи кон крајот. Се уште не е познато какви планови има Ибрахимовиќ за во иднина, но изгледа дека сигурно нема да го гледаме во тренерските води кога ќе одлучи да се пензионира.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ибрахимовиќ неодамна порача дека не размислува за тренерска кариера затоа што смета дека тоа не може да биде поради неговиот карактер.

„Да бидам тренер? Тоа е невозможно. Во текот на натпреварот би удрил најмалку двајца фудбалери. Ќе се обидам да останам во фудбалот, но тренерската работа едноставно не е за мене“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го победи Билбао, но збеснаа поради – судењето!

Реал Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 1:0 буквално во последната секунда, со фантастичн…