Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ се враќа во Серија А кај својот пријател

Ибрахимовиќ се враќа во Серија А кај својот пријател

Италинските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ на зима може да направи сензационално враќање во Серија А и тоа во дресот на Болоња.

Неговиот менаџер Мино Раиола ја прифати понудата, и сега останува уште Ибрахимовиќ да даде согласност за трансферот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сопственикот на Болоња, Џо Сапуто му понуди осум милиони евра за 18 месеци, а сумата ќе ја обезбедат спонзорите.

Договорот на Ибрахимовиќ со американскиот Лос Анџелес Галакси истекува на крајот на годината, а тој изрази желба да се врати да игра во Европа.

За Ибрахимовиќ заинтересирани се уште неколку европски клубови, но Швеѓанецот наводно не може да ја одбие понудата од својот добар пријател Синиша Михајловиќ да му се приклучи во Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …