Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ: Премиер лигата е преценета

Ибрахимовиќ: Премиер лигата е преценета

Шведскиот напаѓач зборуваше за својот престој во Манчестер Јунајтед.

Златан Ибрахимовиќ е фудбалер кој настапуваше во најсилните европски првенства, а во овие момент е член на Лос Анџелес Галкси во САД.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ибрахимовиќ освојуваше првенства во Холандија, Италија, Шпанија и Франција, но не успеа да го подигне трофејот во Премиер лигата, каде што настапуваше за Манчестер Јунајтед.

За Јунајтед постигна 28 голови на 46 натпревари и триумфираше во Лига Купот и Лигата на Европа. Треба да се истакне дека повредите го спречија да биде подобар, на крајот го напушти Манчестер Јунајтед и премина во ЛА Галакси.

Сега во изјава за „FourFourTwo“ зборуваше за тоа каква е Премиер лигата.

„Мене ми се допаѓа Премиер лигата. Бев многу мотивиран и возбуден кога пристигнав на Островот. Таму фудбалот добива огромно внимание, но мислам дека квалитетот на оваа лига е малку преценет. Конкретно кога во прашање е индивидуалниот квалитет и техничкиот дел. Но, морам да признаам дека ритамот е навистина висок и дека и најдобарите не би успеале доколку не можат да го следат ритамот и темпото“.

„Имав долга кариера пред доаѓањето во Манчестер Јунајтед. Многу различни клубови, различни земји. Луѓето ми зборуваа да не одам во Премиер лигата, бидејќи ако не успеам ќе зборуваат дека не сум доволно добар. Тоа дополнително ме мотивираше да одам во таа лига“, изјави искусниот напаѓач.

За крај потенцираше дека Јунајтед е фантастичен клуб и дека е горд што го носел нивниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …