Златан Ибрахимовиќ изјави дека е разочаран што Милан е елиминиран од Лигата на шампионите, меѓутоа додаде дека сега ќе дадат се од себе за да го освојат Скудетото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милан беше поразен од Атлетико Мадрид и доживеа елиминација од Лигата на шампионите и сега нивниот фокус ќе биде ставен на домашните натпреварувања.




Ибра верува дека елиминацијата од Лигата на шампионите ќе им помогне, иако секако жали што се елиминирани во групната фаза.
„Разочарани сме од елиминацијата во ЛШ, жал е ни е но ќе се бориме да го освоиме Скудетото. Ќе направиме се за да ја освоиме титулата, нема да се предадеме. Во неуспехот има и успех, ќе созрееме и ќе добиеме искуство“, изјави Ибрахимовиќ.