Дома Фудбал Репрезентации Ибрахимовиќ донел конечна одлука: Се враќа во репрезентацијата на Шведска

Ибрахимовиќ донел конечна одлука: Се враќа во репрезентацијата на Шведска

Златан Ибрахимовиќ се враќа во репрезентацијата на Шведска.

Искусниот напаѓач на 39 години игра одлично во Милан и сега се спрема за враќа во селекцијата на Шведска од која се повлеќе пред пет години.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Скај Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ ќе биде на списокот на селекторот Јан Андерсон за дуелите со Грузија, Косово и Естонија.
Популарниот Ибра неодамна го продолжи договорот со Милан до летото 2022 година и очигледно планира уште да игра. Ибрахимовиќ одлучи да остане уште една сезона на „Сан Сиро“ и повторно ќе заработи седум милиони евра.

Искусниот 39 годишен голгетер во тековната сезона на 14 натпревари во Серија А постигна 14 голови. За репрезентацијата на Шведска запиша 116 настапи и постигна 62 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дали пред јубилејот и дербито Гвардиола несвесно го „пецна“ Слот?

Во недела од 17:30 часот на програмата е големото дерби на англиската Премиер лига меѓу Ма…