Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ако бев во Милан од почетокот ќе го освоевме Скудетото

Ибрахимовиќ: Ако бев во Милан од почетокот ќе го освоевме Скудетото

Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја прокоментира победата на „росонерите“ против Јувентус од 4:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан победи со пресврт и тоа откако губеше со 0:2. Ибрахимовиќ по натпреварот порача дека ако порано дошол во Милан „росонерите“ сега ќе се бореле за Скудетото.

„Ако бев тука од почетокот на сезоната сега Милан ќе се бореше за Скудетото“, изјави Ибрахимовиќ, а потоа потврди дека ова се последни натпревари за него во дресот на „росонерите“.

„Дали ќе останам? Ќе видиме, има уште еден месец во кој сакам да се забавувам. Не знам кога последен пат фановите ме виделе во живо, но ова можат да бидат моите последни натпревари. Ако Сан Сиро беше полн вечерва ќе беше незаборавна вечер“, изјави 38-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…