Дома Македонски спорт Мак фудбал Ибраими и Ашковски повикани во репрезентацијата

Ибраими и Ашковски повикани во репрезентацијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ги повика Агим Ибраими од Кукс и Стефан Ашковски од Ботошани во пресрет на престојните квалификациски натпревари.

Двајцата фудбалери ќе ги заземат местата на Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов, кои при тестирањето во своите клубови имаат позитивни резултати на инфекција со коронавирусот додека Иван Тричковски не може да настапи поради повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Агим Ибраими е повратник во нашиот национален состав, а со него се приклучува и Стефан Ашковски од Ботошани, за квалификациските натпревари за СП против Романија, Лихтенштајн и Германија.

Собирот на репрезентативците е утре во Скопје, а во попладневните часови нашите фудбалери ќе го одржат и првиот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…