Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ овој викенд се врати на терените после седуммесечната пауза заради повреда и е убеден во квалитетот на тимот со кој располагаат „црвените ѓаволи“.
Во моментов Јунајтед заостанува 8 бода зад градскиот ривал, но Ибрахимовиќ е оптимист дека неговиот тим може да ги освои сите трофеи оваа сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислам дека можеме да го стигнеме Сити, зошто да не? Сите сме тука бидејќи сакаме да победуваме и треба тоа да го правиме. Јас ќе се обидам да им помогнам на момците колку што е можно повеќе. Оваа недела Жозе беше многу среќен бидејќи за прв пат на располагање го имаше цел тим“.
„Секој тренер има потреба од повеќе можности и алтернативи. Мислам дека оваа сезона можеме да освоиме апсолутно се. Минатата сезона освоивме два трофеи, а сега сме многу посилни. Веруваме дека можеме да го направиме тоа“, изјави Ибра.