Одличниот шведски напаѓач, Златан Ибрахимовиќ долго време беше еден од најплатените играчи во светот на фудбалот.
Златан во Јунајтед и следната сезона ќе биде добро платен, но неговата плата ќе биде значително помала во однос на претходната сезона. Златан чудесно се опоравува од повредата на коленото која ја заработи во минатогодишното издание во Лигата на Европа, па во Јунајтед одлучија да му понудат нов договор.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сепак, вториот договор на Ибра во Манчестер Јунајтед ќе биде далеку поскромен од првиот.
Имено, 35-годишниот напаѓач во новата сезона ќе заработува 125.000 фунти неделно. Иако и понатаму станува збор за огромна сума, неговата нова неделна плата е дури за 225.000 фунти помала во однос на минатогодишната.
Потсетуваме, Златан во првиот договор со Манчестер Јунајтед заработуваше дури 350,000 фунти неделно.