Дома Фудбал Останато Ибра за конфликтот со Гвардиола: Го прашав дали имам голем нос…

Ибра за конфликтот со Гвардиола: Го прашав дали имам голем нос…

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ гостуваше кај познатиот новинар Пирс Морган и зборуваше за многу теми, меѓу кои и неговиот однос со Пеп Гвардиола.

Ибрахимовиќ објасни како се развивал неговиот однос со Гвардиола.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Мислам дека Гвардиола е одличен тренер, кога бев во Барселона тоа беше поинакво искуство. Човекот е успешен, никогаш не заврши трет. Меѓутоа морав да се соочам и со личноста која стои зад тој тренерски гениј.

Му кажав на Гвардиола да ми каже дали имам голем нос, дали одам чудно, дали нешто го мачи кај мене. Сè ќе решиме. Се обидов да се вклопам во Каталонија, но не бев вистинскиот. Сè беше во ред шест месеци, но потоа моравме да разговараме“, вели Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…