Мехди Бенатија практично е поранешен играч на Јувентус.
Имено, продаден е на катарскиот Ал-Духаили за 15 милиони евра, во понеделник би требало да потпише договор со Арапите. Јуве пронајде замена во Мартин Касерес кој по трет пат се враќа во клубот, а не сакаа да го пуштат Бенатија во Арсенал, бидејќи од Лондон бараа 20 милиони евра за Рамзи кој ќе пристигне како слободен играч во јуни.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во Арсенал не сакаа, но Јунајтед сакаше. Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, Јувентус се согласил на понудата од Јунајтед, но Бенатија го одбил Манчестер Јунајтед. Тој не сакал да се согласи на сума од 3,7 милиони евра по сезона, барал 4,5 милиони, Англичаните одбиле, па Бенатија си замина во Катар.