Ливерпул ја продолжи борбата со Сити, играчите на Клоп со малку потешкотии успеаа да го победат Њукасл со 3:2.
Победата би можела скапо да биде платена, на средината од второто полувреме натпреварот го напушти Салах, најдобриот играч на Ливерпул сепак е во конкуренција за реваншот од полуфиналето против Барселона во Лигата на Шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роберто Фирмино сигурно ќе го пропушти дуелот со Барселона, додека кај шпанските гости извесно е дека на „Енфилд“ нема да истрча Осман Дембеле. Младиот француски играч ја дожвиеа својата трета повреда оваа сезона во натпреварот против Селта Виго на почетокот од првото полувреме така да сигурно нема да игра на претстојниот натпревар.
За сега големи кадровски проблеми на двете страни, единствено останува да видиме дали Ливеупул ќе остане без своето второ име во своето одлично напаѓачко трио.