Дома Македонски спорт Мак фудбал Зука: Сакаме успех на два фронта, очекувам голема поддршка од „Шверцерите“

Зука: Сакаме успех на два фронта, очекувам голема поддршка од „Шверцерите“

Во само неколку дена Шкупи и Тиквеш повторно ќе ги одмерат силите. Во саботата беше 0:1 за гостите од Чаир, а утре Шкупи ќе биде домаќин, но во Купот на Македонија во рамките од осминафиналето.

Нема калкулации, кој ќе победи тој ќе оди во следната фаза. Бекот на чаирчани, Фисник Зука го најави мечот за клупскиот сајт.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Важна е победата за нас во Кавадарци, сега ќе го пречекаме Тиквеш дома на нашиот стадион. Ќе се бориме за да се пласираме во следната фаза, нашите цели се јасни, сакаме успех и на двата фронта. Утре очекувам голема поддршка од „Шверцерите“, најдобрата навивачка група во Македонија“, изјави Зука.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…