Дома Актуелно Зошто Роналдо уште не му честитал на Бензема за „Златната топка“?

Зошто Роналдо уште не му честитал на Бензема за „Златната топка“?

Во интервју пред Светското првенство Карим Бензема зборуваше за очекувањата од Мундијалот и она што следи во Катар, меѓутоа новинарот го зарпаша и за „Златната топка“.

Бензема оваа година сосема заслужено ја освои „Златната топка“ и тоа убедливо пред конкурентите. Новинарот му постави прашање на Бензема дали добил честитка од Кристијано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не, не сум добил никаква порака од него“, одговори Бензема.

Ваквиот одговор на францускиот напаѓач е малку зачудувачки затоа што двајцата беа соиграчи во Реал Мадрид од 2009 до 2018 година и имаа одлична соработка во периодот кога Роналдо ја освојуваше „Златната топка“. Треба и да се знае дека Бензема е играчот кој најмногу му асистирал на Португалецот во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…