Дома Топ вести Зошто Реал Мадрид нема да ги намали платите?

Зошто Реал Мадрид нема да ги намали платите?

Мадридски Реал нема да ги намали платите на играчите и вработените во клубот, потврдија шпанските медиуми.

Поради пандемијата со коронавирусот многу клубови одлучија да ги намалат платите на своите играчи дури и по 70 проценти, но играчите на „кралскиот“ клуб своите примања ќе ги добиваат во целост.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Причината е едноставна. Клубот е во стабилна финансиска ситуација и спремен е да се соочи со кризата без никакви промени во исплатите на вработените.

За оваа сезона „кралевите“ предвиделе 430 милиони евра за плати, сума која не е поголема од 50% од предвидените приходи – 822 милиони евра. Според „Марка“, платите во Барселона пак достигнуваат и до 80% од вкупниот приход на клубот, па поради тоа Каталонците мораше да го намалат платите на фудбалерите.

Шпанските медиуми пренесуваат дека изминатите години Реал натрупал вкупен профит од 322 милиони евра, па поради тоа не само што нема да биде погоден од кризата, туку и ќе има огромен буцет за инвестирање на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер пер…