Дома Фудбал Англија Зошто засилувањето на Челзи од 100 милиони евра издржа само едно полувреме?

Зошто засилувањето на Челзи од 100 милиони евра издржа само едно полувреме?

Челзи во зимскиот преоден рок потроши над 300 милиони евра за засилувања, но ниту тоа не беше доволно за да слави против Фулам, кој се покажа како цврст противник.

Едно од најскапите засилувања за премиерлигашот е Михајло Мудрик кој беше платен околу 100 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Украинецот ги разочара сите со неговиот настап против Фулам, а на теренот остана само 45 минути и во сите статистички сегменти остана на нула.

Мудрик немаше удари кон гол, не изнуди ниту еден прекршок, не создаде ниту една шанса, ниту додаваше во казнениот простор на ривалот.

Ова е уште почеток за Украинецот од кој се очекуваат многу работи, а како причина за лошиот меч може да се спомене и неговата настинка за која зборуваше тренерот Грем Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…