Дома Фудбал Италија Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано

Како што се и очекуваше, напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ денеска се врати во Италија, каде ќе биде во 14-дневна изолација.

Швеѓанецот досегашниот тек на пандемијата ја помина во својата родна држава, а формата ја одржаваше тренирајќи со екипата на Хамарби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инаку, Хамарби е клуб во кој 23.5% од акциите ги поседува токму Ибрхимовиќ. Спортскиот директор на овој клуб изјави дека постои шанса Ибра да заигра за Хамарби пред да замине во пензија.

Сепак, тоа нема да се случи многу набрзо бидејќи Ибра денеска слета во Милано.

Откако ќе помине 14 дена во изолација, Швеѓанецот може да се врати во Миланело на тестирање и да почне да тренира.

Вчера беше најавено дека во Италија тимските тренинзи најверојатно ќе бидат дозволени од 18. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…