Дома Фудбал Зизу не се предава: Не верувам дека конкурентите за титулата ќе ги освојат сите бодови до крајот

Зизу не се предава: Не верувам дека конкурентите за титулата ќе ги освојат сите бодови до крајот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги оцени шансите на тимот да го освои трофејот во шпанскиот фудбалски шампионат по синоќешните 0:0 со Бетис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во однос на физичката перформанса, на овој меч немавме никакви проблеми. Имавме подобар крај отколку на последните натпревари. Не мислам дека конкурентите ќе ги освојат сите бодови на преостанатите средби.

Доколку се случи да бидат максимални до крајот, ние нема да бидеме први. Сепак има уште доста да се игра и сè додека имаме шанси не се откажуваме“, изјави Зидан.

Реал Мадрид по 33 натпревари има 71 бод и е втор на табелата во Ла Лига. Атлетико Мадрид е лидер со 73 бода од 32 натпревара. Големи шанси за трофејот има и Барселона која досега соба 68 бода од од 31 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …