Дома Фудбал Зидан: Јувентус? Денес сум тренер на Реал, но тоа може да се промени

Зидан: Јувентус? Денес сум тренер на Реал, но тоа може да се промени

Oд вчера во јавноста се појави информација дека Зинедин Зидан од лето би можел да седне на клупата на Јувентус.

Според информациите Андреа Ањели сака од наредната сезона за тренер во Јувентус да го доведе Зинедин Зидан. Зидан би дошол на местото на Маурицио Сари на кого му се замерува за послабата игра на италијанскиот шампион сезонава.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На оваа тема денес зборуваше и самиот Зидан.

„Никогаш во фудбалот не можете да бидете сигурни дека ќе останете во улогата во која што сте. Чувствувам дека клубот ме поддржува, работиме во ист правец, но сите знаеме како работите функционираат. Се зависи од резултатите, ситуацијата може брзо да се промени. Денес сум тренер на Реал Мадрид, меѓутоа тоа може да се промени. Можам да кажам дека до сега никој не ме контактирал“, изјави францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…