Дома Топ вести Зидан ја шокираше фудбалската јавност со изјавата после поразот од Бетис!

Зидан ја шокираше фудбалската јавност со изјавата после поразот од Бетис!

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија од Бетис (0:2) на „Сантиаго Бернабеу“ и со пораз ја завршија лошата сезона.

Иако натпреварот немаше резултатско значење, Зидан излезе со респектабилен тим. Во офанзива играа Иско, Асенсио и Лукас Васкез, а за Герет Бејл повторно немаше место во тимот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По завршување на мечот Зинедин Зидан без влакна на јазикот призна дека Велашенцот повеќе не е потребен и дека Реал ќе направи се за да се ослободи од него ова лето.

„Не го сакаме Бејл повеќе во клубот. Ќе направиме се за тој да го напушти Реал ова лето“, изјави Зидан и ја шокираше фудбалската јавност.

Иако од поодамна беше јасно дека Французинот не го сака Бејл во тимот, сепак шпанските медиуми оваа изјава ја протолкуваа како некоректен потег на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…