Во последно време се погласни се шпекуалциите дека Зинедин Зидан би можел да го замени Жозе Мурињо на кормилото на Манчестер Јунајтед.
Вчера англиските медиуми излегоа со информации дека Зидан веќе остварил контакт со луѓето од Манчестер Јунајтед, а неговата изјава денес дополнително ги разгоре шпекулациите.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Французинот го напушти Реал Мадрид на крајот на минатата сезона, а денес за прв пат јавно се огласи околу својата иднина и најави брзо враќање.
„Сигурно е дека моето враќање е многу блиску. За брзо време повторно ќе бидам тренер. Фудбалот е мојот живот и нема сомнеж дека набрзо ќе имам ангажман“, изјави Зидан за шпанските медиуми.