Герет Бејл не беше во комбинација за натпреварот против Виљареал, а Зидан одби да одговори дали тоа е порака за Велшанецот.
Меѓутоа шпанските медиуми денес пренесуваат дека Франузинот разговарал со Бејл и дека исходот бил разочарувачки. Состанокот е одржан во клубот и се зборува дека ситуацијата била тензична, а Бејл останал на своето дека не сака да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дури ниту заканата дека нема да влезе во авионот за Америка на почетокот на припремите на 8-ми јули не го натерала Велшанецот да го промени мислењето. Бејл е спремен да остане и да тренира во Мадрид и верува дека може да се избори за место во тимот.
Ова е разочарување за Реал кој сака да се ослободи од него. Но, Бејл има сигурен статус, има договор, платата според договорот ќе му порасне до 17 милиони евра годишно. Во јули ќе наполни 30 години, нема никаков притисок и ако биде „замрзнат“ на клупата.
Но, дури и да сака да замине изгледа дека понуди нема, поточно нема таква каква што би прифатил.
Поради тоа Реал изгледа не може многу да направи, ако Бејл остане против желбата на клубот, тоа ќе значи „фрлање“ скоро 35 милиони евра годишно за играч кој нема да помогне на теренот.
Бејл може да си тренира, да игра голф колку што сака во сончевиот Мадрид и да добива милиони, навистина изгледа дека баш и нема некој мотив да замине…