Дома Фудбал Зидан: Критиките не ме интересираат!

Зидан: Критиките не ме интересираат!

Наместо да одговорат на силните критики со убедлива победа, фудбалерите на Реал Мадрид одиграа реми (2:2) на „Сантиаго Бернабеу“ против второлигашот Нумансија.

И покрај слабата игра и лошите резултати, тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан е спокоен и тврди дека не му пречат критиките.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Најважно е што продолжуваме во следниот круг. Не одигравме лош натпревар, но тоа важи и за нашиот противник кој не се предаде. Ова е уште еден меч во кој не победуваме дома? Тоа не ме загрижува. Треба да останеме во позитивно раположение и да продолжиме со работа. Две-три победи ќе ни ја вратат самодовербата“, истакна Зидан.

„Јас и мојот штаб продолжуваме да си ја вршиме работата, а критиките нема да ме спречат да правам тоа. Едноставно не ме интересираат“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…