Дома Фудбал Зидан и третиот син го префрли во првиот тим на Реал

Зидан и третиот син го префрли во првиот тим на Реал

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан во првиот тим на Реал Мадрид го префрли и синот Тео.

Ова е веќе трет пати францускиот стратег да им дава шанса на своите синови во Мадрид. Претходно за Реал заиграа голманот Лука и играчот за врска Енцо. Сепак, тие не се изборија за минутажа и го напуштија клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега Зидан има големи проблеми со повредите, па одлучи да го повика неговиот трет син кој во клубот е веќе 11 години. Станува збор за 195 сантиметри висок играч за врска кој има 18 години. Неговиот договор со Реал има важност до крајот на сезоната.

Инаку, Енцо кој е најстар син на Зидан е без клуб откако си замина од Алмерија, а Лука мината минатата сезона од Реал премина во Рајо Ваљекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо Назарио: Кристијано рече дека е најдобриот во историјата? Не се согласувам!

Кристијано Роналдо беше гостин кај Пирс Морган. Интервјуто ќе излезе наскоро, објави Морга…