Дома Топ вести Зидан го чека „испит“ на „Местаља“, Перез веќе има листа на потенцијални наследници, едно име ќе ве изненади!

Зидан го чека „испит“ на „Местаља“, Перез веќе има листа на потенцијални наследници, едно име ќе ве изненади!

zidan

Валенсија беше кобна за Бенитез и Анчелоти, а Зинедин Зидан би можел денес да ја надополни оваа листа, а како потенцијален негов наследник денес се појави уште едно име.

Зидан се наоѓа во слична ситуација како и Анчелоти во последните пет месеци во Реал. Италијанецот тогаш издржа до крајот на сезоната, но беше сменет иако играчите беа покрај него.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денес Французинот има испит на „Местаља“ против тимот кој е изненадување на сезоната. Доколку „кралевите“ бидат поразени би можеле да се најдат надвор од топ 4, а тоа би го зголемило притисокот на Зидан.

Медиумите веќе бараат негов наследник, а привремено решение до лето би можел да биде Гути, легендата на клубот и човекот кој работи во младинските категории.

Но покрај името на Гути и Лев кој се поврзува од поодамна се појави и името на Маурисио Покетино кој работи одлично во Тотенхем, а најголеото изненадување на листата секако е Јирген Клоп.

Клоп има договор со Ливерпул, но доколку оваа сезона не освои некој трофеј и не се пласира во Лигата на шампионите, би можел да добие отказ. Поради тоа во Реал ја следат ситуацијата. Треба да се истакне дека „Лос Блаконси“ размислуваа за Германецот и пред неколку години, но тогаш го сметаа за недоволно „зрел“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…