Дома Трансфер зона Зидан го пронајде новиот напаѓач во Волвс

Зидан го пронајде новиот напаѓач во Волвс

Деновите на Лука Јовиќ во Реал Мадрид се одбројани, ако им се верува на странските медиуми.

Имено, Јовиќ не се прослави во дресот на Кралевите и се чини дека повеќе не е во плановите на Зинедин Зидан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат англиските медиуми, Зидан пронајде нов напаѓач за својот тим, а се работи за играчот на Волвс, Раул Хименез.

Секако дека ова, ако се реализира, ќе биде изненадувачки потег на Зидан, но Хименез има одлична статистика во Волвс.

Тој оваа сезона постигна 22 погодоци во дресот на Волците, а во прилог му иде и тоа што е различен тип на напаѓач од Бензема, кој моментално е прв избор во нападот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Oд Влаховиќ за Јувентус подобри во Лигата на шампоните се само Игуаин и Роналдо!

Душан Влаховиќ повторно погоди за Јувентус, во мечот што заврши со реми против Спортинг. С…