Нови сензационални вести пристигнуваат од италијанските медиуми поврзани со Црвена Звезда.
„Тутомеркато“ денес пишува дека на мета на ѕвезда е Хуан Итурбе!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува уредникот на овој сајт Марко Контерио парагвајскиот репрезентативец може да се снајде во улога на полушпиц и центарфор. Не се пишува за финансисите, но веројатно не би бил прескап затоа што неговиот договор со мексиканскиот УНАМ Пумас истекува на лето. Тоа значи дека е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Итурбе своевремено играше одлично во Италија, Верона го доведе за 16 милиони евра и после само една сезона го продаде на Рома за 24.5 милиони евра. Во тоа време за потписот на Итурбе се бореше и Јувентус.
Јасно е дека е далеку од таа форма, но секако дека за Звезда би бил огромно засилување.