Со оглед на многу често скромниот живот на поголемиот број деца во Јужна Америка многумина сонуваат еден ден да станат големи фудбалери и да играат во најсилните клубови на денешницата.
Таа желба му се оствари на Јан Хуртадо, младиот напаѓач кој стана првиот Венецуелец во историјата на Бока Јуниорс. На талентираниот играч така му се исполни желбата да игра на култната „Ла Бонбоњера“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Клубот од Буенос Аирес за неговите услуги плати седум милиони евра, а овој 19 годишен фудбалер немаше лесен почеток во својата земја.
На 17 години беше член на Депотриво Такира, клуб кој му ветил едно, а во пракса правел сосема друго.
Хуртадо заработил шестмесечна суспензија, но во Депортиво ветиле дека редовно ќе му ја исплаќаатп латата, меѓутоа тоа не било случај.
„Ми кажаа дека редовно ќе ми даваат плата, а на крај ми дадоа само 40 долари. Сигурно ме плаќаа по долар“…
После тоа непријатно искуство во Аргентина потпиша договор со Гимнасиа и со својот гол ја елиминираше Бока од Купот на Аргентина и тој момент можеби беше пресуден за неговиот трансфер.
Инаку, овој фудбалер истовремено беше желба на италијанска Џенова, сепак тој се одлучи да потпише за Бока.