Ракометниот тим на Барселона наредната сезона ќе влезе со прилично изменет состав.
Боите на Каталонците од наредната сезона нема да ги брани Данецот Ласе Андерсон.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Тој четири години помина во Барселона, а негова наредна дестинација ќе биде Германија, поточно екипата на Фуксе Берлин.
За четири години поминати во Барселона Андерсон освои дури 18 титули, но заработи повреда на левото колено поради која 13 месеци беше надвор од терените.
„Им се заблагодарувам на соиграчите со кои играв во овие четири години. Ми беше задоволство да бидам дел од овој клуб. Сите се боревме и имавме спектакуларни моменти“, изјави Андерсон.