Дома Фудбал Англија За некого шок, за некого неизмерна радост: Озил МОРА да остане во Арсенал

За некого шок, за некого неизмерна радост: Озил МОРА да остане во Арсенал

Месјут Озил останува во Арсенал. Имено, Германецот нема понуда, поточно, му пристигна само една иако е слободен играч и таа финансиски е послаба од онаа на Арсенал, а во прашање е Бешикташ.

Како што пишуваат англиските медиуми, ниту опцијата со Манчестер Јунајтед не е возможна бидејќи Мурињо има потполно поинакви планови и сака млади играчи, а Интер не може да ја плати посакуваната сума на Озил.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Така што, на крајот ќе мора да се помири со судбината, тој бараше 300 илјади фунти неделно, „Топчиите“ нудат 250 илјади, па Германецот е соочен со недостаток на алтернативи, по што најверојатно ќе остане на „Емирати“.

Ова не е изненадување, со оглед на партиите на Озил, тешко е да се поверува дека некој би издвоил приближно 12 милиони евра по сезона за Германецот, а фановите на Арсенал коментираат дека нивниот плејмејкер не вреди толку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го суспендираше херојот на Турција

Херојот на Турција од осминафиналето со Австрија, Мерих Демирал, доби суспензија од два на…