Дома Фудбал Останато За Нагелсман двајца фудбалери од Бундеслигата се подобри од Гави

За Нагелсман двајца фудбалери од Бундеслигата се подобри од Гави

Наградата за најдобар млад играч која ја освои фудбалерот на Барселона, Гави исто така е нешто што предизвика контроверзии на изборот на „Франс Фудбал“.

Голем дел од јавноста смета дека Гави не ја заслужи оваа награда и дека пред него имало други фудбалери кои требало да ја добијат. Такво мислење имаше и стратегот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тренерот на гигнатот од Минхен смета дека наградата требало да заврши кај Јамал Мусиала или Џуд Белингем.

„Според мене Мусиала и Белингем имаа подобри сезони од победникот. За мене се пред Гави“, кратко изјави Нагелсман.

Поддршка за својот соиграч преку социјалните мрежи испрати и Алфонсо Дејвис.

„Можеби ти го земаа твојот Копа Трофеј, но во иднина нема да можат да ти ја земат Златната топка“, гласи пораката на Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…