Во Париз владее вистинска еуфорија се чека Меси, еден од најголемите во историјата, а за тоа време Барселона се обидува да се навикне, но и се пресметуваат загубите.
Според финансиските експерти во Шпанија вредноста на Барселона без Меси ќе падне за 137 милиони евра или 11%, од 1,266 милијарди колку што вредеше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубот ќе биде во минус со 77 милиони евра со загуба од рекламите, а за 43 милиони евра ќе се намали продажбата на дресовите.
Трета точка е губењето на 17 милиони евра на секој натпревар кој Барса ќе ги губи по разни основи, па така се доаѓа до споменатите 137 милиони евра.