Фудбалерите на Борусија Дортмунд, со пресврт, славеа во Минхен против Баерн 3:2 и се пласираа во финалето на германскиот Куп.
Баерн имаше предност по првото полувреме, но екипата од Дортмунд, предводена од Дембеле, со два гола обезбеди ново финале во националниот Куп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот Французин Дембеле му асистирапе на Ројс кој го постигна првиот гол на натпреварот, но Баерн по првиот дел имаше предност од 2:1, откако Бирки го совалдаа Хави Мартинез и Хумелс.
Во второто полувреме, Дембеле запиша нова аситенција, кога Обамејанг израмни на 2:2, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 2:3.
Борусија во финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, кој во вторникот дури по изведувањето на пенали ја совлада Борусија Мнхенгладбах.
Финалниот меч ќе се одигра во Берлин на 27.мај.