Дома Трансфер зона Жиру му забива нож во грбот на Арсенал: Французинот во јануари прави шокантен и неочекуван трансфер!

Жиру му забива нож во грбот на Арсенал: Французинот во јануари прави шокантен и неочекуван трансфер!

Фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру би можел во јануари да направи шокантен и неочекуван трансфер.

Како што пишуваат англиските медиуми, Жиру на маса има понуда од големиот ривал на Арсенал, Челзи, кој бара напаѓачко засилување за јануари. Французинот и во текот на летото беше на излезни врати од „Емирати“. Беше многу блиску до трансфер во Евертон, но Венгер го задржи во тимот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сепак, 31-годишниот Жиру во јануари многу лесно би можел да ги засили редовите на големиот ривал кој има огромни проблеми во напаѓачкиот дел од тимот и наводно токму францускиот фудбалер е првата желба на тренерот на „Сините“, Антонио Конте.

Жиру е член на Арсенал од 2012. година. Пристигна од екипата на Монпелје и во 241 одиграни натпревари за „Топчиите“ постигна 101 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…