Дома Фудбал Италија Жиру: Милан беше вистинскиот избор, го сакам Скудетото

Жиру: Милан беше вистинскиот избор, го сакам Скудетото

Оливие Жиру ова лето се пресели во Милан и одлично се прилагоди во Серија А, па прикажува одлични партии.

Пред големото дерби со Интер, Жиру верува дека неговиот тим може да стигне до победа, притоа истакна дека негов сон е Скудетото.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„ Дербито ќе биде многу важен натпревар затоа што не би било лошо да го испратиме Интер на 10 бода разлика. Не е одлучувачки меч, но е многу е важен и верувам дека Милан може да стигне до победата. Ако го почитуваме противникот, не значи дека се плашиме од него. Нашата судбина е во наши раце. Ако излеземе и направиме се што знаеме дека треба да направиме – ќе победиме“, изјави Жиру.

„Милан беше вистински избор за мене. Многу сум среќен во клубот, а и семејството ужива во Милано. Мојот сон е оваа сезона да го освоиме Скудетото и сигурно ќе се бориме за тоа до последен момент“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Де Геа одбрани два пенали – Фиорентина го совлада Милан во дербито

Фудбалските фанови во Фиренца долго време ќе го прераскажуваат синоќешниот натпревар, посл…