Дома Македонски спорт Мак ракомет „Еурофарм Пелистер е локален клуб, не е државен проект како Вардар“

„Еурофарм Пелистер е локален клуб, не е државен проект како Вардар“

Еурофарм Пелистер сезонава се врати во Лигата на шампионите, но македонскиот шампион во групната фаза не освои ниту бод, а утре го игра последниот натпревар против Клоштад во Норвешка.

Тренерот на „пелистерци“, Бранислав Ангеловски смета дека клубот е во тежок процес и ситуацијата на битолскиот клуб ја спореди со примерот на Металург и Вардар во минатото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Играњето во Лигата на шампионите донесе многу за Битола. Години наназад слушав како се зборуваше дека и да биде Еурофарм Пелистер шампион на Македонија нема каде да игра во Лигата на шампионите. Докажавме дека тоа е невистина. Организациски извлековме повеќе од максимум од оваа сала, а навистина ми е жал што на овој натпревар патуваме без освоен бод.

Но, мора да сфатиме дека Еурофарм Пелистер е локален клуб, не е државен проект како Вардар. Би сакал тоа да се случи и со нас, па и со кој било друг клуб од Македонија. Ние го имаме најмалиот буџет во Лигата на шампионите. Во Европската лига има екипи кои имаат далеку поголеми буџети од нашиот и не ја поминаа групата.

Секој почеток е тежок. Истото беше и со Металург, кој во првата сезона губеше по 15 разлика од екипи како Загреб, Чеховски Медведи и други, а потоа размислуваше за „фајнал-фор“. Слична беше ситуацијата и со Вардар“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…