Играчот од средниот ред Андер Ерера одбил да го облече дресот на Тотенхем од почит кон Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Андер Ерера моментално настапува за ПСЖ и требаше да биде дел од трансфер пакет и размена со Тотенхем, така што Ндомбеле да се пресели во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ на Леонардо му соопштил дека во Премиер лигата може да игра само за Манчестер Јунајтед и за ниту еден друг клуб.
Ерера помина пет години во Јунајтед откако пристигна од Атлетик Билбао во 2014 година. За време на престојот во Манчестер ги освои ФА Купот, Карабао Купот и Лига Европа, а во 2019 година како слободен играч замина во ПСЖ.