Дома Фудбал Лига на шампиони Енрике по поразот од Арсенал влезе во расправија со новинар: Тебе нема да ти објаснувам – и онака ништо нема да разбереш!

Енрике по поразот од Арсенал влезе во расправија со новинар: Тебе нема да ти објаснувам – и онака ништо нема да разбереш!

Пари Сен Жермен беше поразен во дербито од Лигата на шампионите против Арсенал со 2:0 во натпревар во кој англискиот гигант доминираше од почетокот до крајот на средбата.

По натпреварот разбирливо имаше незадоволство кај тренерот на Французите, Луис Енрике кој влезе и во расправија со еден од новинарите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Енрике доби прашање да ја објасни тактиката со која настапил на оваа средба, а во тој момент одговори дрско:

„Немам намера да ја објаснувам мојата тактика, бидејќи ти и онака нема да ја разбереш. Треба да поправиме одредени работи, но сега тебе нема да ти објаснувам“, изјави Енрике.

Пред натпреварот Енрике беше во фокусот и поради конфликтот со Осман Дембеле кој остана надвор од тимот за оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дел Пјеро жестоко распали по Јувентус: Не знам што бараат, Тудор не беше прва опцијаа!

Веројатно најголемиот играч во историјата на Јувентус, легендарниот Алесандро Дел Пјеро, п…