Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Лиам Милер го преживува најтешкиот период од животот.
Имено, нему му е дијагностициран рак на панкреасот. Милер моментално се наоѓа во САД на лечење, додека поддршка стигнува од неговите соиграчи и тренери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 36-годишен фудбалер својата фудбалска кариера ја започна во Селтик, а потоа го носеше дресот на Архус, Манчестер Јунајтед, Лидс, Сандрленд, QPR и останати.
Милер го носеше дресот на А селекцијата на Ирска за која во периодот од 2004. година до 2009. запиша вкупно 21 настап и постигна 1 погодок.
На твитер профилот на „Црвените ѓаволи“ е објавена следната порака:
„Мислите на сите нас во Манчестер Јунајтед се со Лиам Милер и неговите сакани“.