Дома Фудбал Англија Емери не е сигурен на клупата на Арсенал – ова се главните кандидати да го наследат

Емери не е сигурен на клупата на Арсенал – ова се главните кандидати да го наследат

Скромното отварање на сезоната Унаи Емери би можел да го плати со отказ.

Арсенал после пет кола освои осум бодови, но со прилично „тенка“ игра која не ги задоволува навивачите на овој клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Обложувалниците не веруваат премногу во него. Коефициентот за заминување на Емери е се помал и набрзо се очекува да ја напушти клупата на клубот од „Емирати“.

Листата на потенцијални негови наследници е долга, а како најголем фаворит се споменува Микел Артета, поранешниот играч на Арсенал кој денес му е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Зад него со помали шанси да го превземат тимот се најдоа уште двајца поранешни фудбалери, Патрик Виера и Фреди Љумберг, а помеѓу кандидатите се уште Брендан Роџерс и Тиери Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ковач: Барселона има страшно многу силни страни, но и слабости

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, зборуваше пред утрешната посета на тимот на Бар…