Дома Фудбал Останато Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера ги помина лекарските прегледи во клиника во Рим, а подоцна им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот на Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи за неговиот потпис плати 16 милиони евра, а Елмас вели дека ова е шанса да ги покаже своите квалитети.

„Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, изјави Елиф Елмас.

Инаку трансферот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче во Наполи е за сума од 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Тој потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб и годишно ќе заработува 1,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…