Дома Фудбал Италија Елмас се повреди, Наполи ги чека тестовите

Елмас се повреди, Наполи ги чека тестовите

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде во комбинација за настап за Наполи против Каљари за викендот.

Елмас повредата ја заработил на еден од последните тренинзи на својата екипа. Македонскиот фудбалер заработил истегнување на мускулот во ногата и поради отпаднал од комбинација за настап.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанските медиуми претходно го најавуваа како еден од можните стартери за овој дуел.

Засега не е познато колку ќе мора да паузира Елмас, а тоа би било познато по деталните прегледи. Наполи во наредниот период го очекуваат натпревари против Фросиноне (19 декември), Рома (23 декември), Монца (29 декември).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…