Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, вечерва со Наполи ќе гостува кај Риека во натпревар од третото коло во Лига Европа.
Елмас се опорави од коронавирусот и после подолго време се враќа во тимот, но тврди дека е комплетно спремен за игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлично се чувстуввам и спремен сум да настапам. Поминаа десет дена во кои немав никакви спорткси активности бев во изолација сега сум подготовен да помогнам на тимот. Подготвен сум да ги покажам своите квалитети, како и да е, млад сум и треба да работам, останатото останува на тренерот“, изјави Елмас.
„Ништо посебно не ни рече Гатузо пред овој меч. Мене секогаш ми кажува дека сум како животно, во смисла голем борец кој не бега од ништо. Тој е специфична личност и ми се допаѓа како работи со мене“, додаде македонскиот репрезентативец.